(Видео) Крадец сакаше да ограби старица среде улица, ама наиде на баба која не попушта лесно

пред 3 години

Безбедносните камери го снимија моментот кога млад човек поради обложување реши да ограби старица на улица. Рускиот медиум РТ објавија видео од баба на возраст од околу 70 години од градот Петровка во регионот Амур, која не отстапува од дрскиот разбојник на улица, иако тој е десет пати посилен од неа, со намера да ја ограби.

Видеото го објави локалната полиција и на него се гледа снимка од безбедносни камери на разбојник кој и приоѓа на старицата одзади и ѝ ја краде чантата.

Меѓутоа, старицата не се откажа. Таа дури и падна на асфалтот,додека  крадецот ја влечепо улицата. Во еден момент  крадецот се откажа и избега кога виде случаен минувач. Потоа тој се врати да и помогне на бабата и да провери дали е добро, но тогаш била повикана полицијата.

Полицијата успеала да ги идентификува разбојникот, осомничен е млад 22-годишник, кој го започнал грабежот откако се обложил со друштвото дека ќе ѝ ја украде торбата на старицата.

Share
Scroll to Top