По Крис Рок уште еден комичар бил нападнат за време на настап во САД, пренесе Daily Mail. Дејв Чапел синоќа на фестивалот Netflix is A Joke во Лос Анџелес, за време на неговиот стен ап беше нападнат од непознат маж од публиката.
#davechappelle attacked at #hollywoodbowl #netflixisajoke pic.twitter.com/oP04S0de90
— abazar ?? (@abazar) May 4, 2022
На видеото се гледа непознатиот маж кој излезе на сцената и го нападна Чапел пред обезбедувањето да реагира и да го тргне. Во публиката беше и глумецот Џејми Фокс. И тој отиде на сцената за да им помогне на обезбедувањето.
Чапел кој минатата година предизвика бес кај транс заедницата со неговите контроверзни коментари, продолжи со точката и се пошегува дека напаѓачот бил транс маж.
Комичарот Крис Рок пак настапи нешто подоцна на фестивалот и го поврза нападот со неодамнешниот скандал на Оскарите. Тој излезе на сцената и се пошегува: „Дали е тоа Вил Смит?“.
Полицијата во Лос Анџелес потврди за американските медиуми река реагирала на инцидентот на фестивалот, а приведениот напаѓач наводно бил вооружен со пиштол и нож.