„Педофилот нема професија, како и изопачената потребата сексуално да се задоволи“, - Весна Бејби која минуваше слична драма со поддршка за Милена

„Педофилот нема професија, како и изопачената потребата сексуално да се задоволи“, – Весна Бејби која минуваше слична драма со поддршка за Милена

пред 3 години

Деновиве јавноста беше згрозена од скандалот  во Србија, во кој младата актерка Милена Радуловиќ го обвини нејзиниот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ за силување.

Голем број јавни лица застанаа зад младата актерка и и дадоа поддршка. Меѓу нив беше и актерката Весна Петрушевска Бејби, која пред неколку години се соочи со слична животна драма, откако во јавноста сподели за хоророт кој го доживеала нејзината ќерка.

Весна напиша дека Милена направила храбар чекор и дека секоја жртва има право да одлучи кога ќе сака да каже за траумите кои ги доживеала. Во никој случај не смее да има кормпромис за предаторите, напиша Петрушевска.

„Доста со глупавите прашања зошто сега? Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже. Милена има 26. години и е одлучна глумица и општествено одговорна личност, а нејзината приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. Не смее да има компромис за предатори, без разлика тој бил учител по глума или било која друга професија. Педофилот нема професија (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви, кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките,  Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се. Ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност. Браво за Милена и за овие работи треба гласно да се зборува и кај нас. Не пукнавте со наслови (читај интервјуа) за полусветови“, напиша Петрушевска.

Уапсен српскиот учител по глума Мика Алексиќ кој силувал ученички од неговата школа

 

 

 

 

Share
Scroll to Top