Руската армија го контролира Мариупол, изјавил денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што пишуваат медиумите, Шојгу рекол дека се воспоставува мирен живот на териториите на самопрогласените Лугански и Доњецки Народни републики (ЛНР/ДНР) и Украина, кои се под контрола на руските сили.
Тој посочил дека руските сили заедно со единиците на самопрогласените ЛНР и ДНР ја прошируваат контролата врз тие територии, пренесува РИА Новости.
Шојгу повторил дека транспортот на оружје и муниција на НАТО за украинските сили кои пристигнуваат во Украина ќе бидат уништени.
– САД и нивните сојузници во НАТО продолжуваат да и доставуваат оружје на Украина. Забележувам дека секој транспорт на Северноатлантската алијанса што пристигнал на територијата на земјата со оружје или материјали за потребите на украинските вооружени сили го сметаме за легитимна цел – рекол Шојгу, пренесуваат медимуите.