Омилена храна на кралицата Елизабета 60 години: Печена риба со зеленчук, овошје и темно чоколадо

Омилена храна на кралицата Елизабета 60 години: Печена риба со зеленчук, овошје и темно чоколадо

пред 3 години

Британската кралица Елизабета Втора 60 години јаде иста храна, а за тоа се грижат 20 готвачи кои секој ден и подготвуваат мени, при што таа избира што ќе јаде тој ден.

Кралицата денот го започнува со шолја чај со млеко без шеќер, а покрај тоа задолжителни се бисквитите. Во нејзината исхрана изобилува здравата храна, со многу малку слатки како десерт.

Појадокот на кралицата секогаш се состои од ладни снегулки, а понекогаш на менито се и мармалад и тост. Ретко јаде јајца. Ручекот е едноставен и важно и е да биде протеински силен и без многу јаглехидрати, раскажал нејзиниот личен готвач Дарен Мек Грејди.

Нејзиниот избор е главно риба на скара или шкотски лосос послужен со спанаќ и тиквички. Понекогаш, кралицата сака да јаде салата со пилешко на скара за ручек, а Мек Грејди наведува дека е многу дисциплинирана кога се во прашање нејзините независни оброци и дека во кујната важи правилото „не пченкарен скроб“.

По ручекот следува попладневен чај, кој оди во комбинација со омилените сендвичи со краставици и овошен колач омилен на кралицата. На Елизабета најмногу ѝ се допаѓаат овие едноставни сендвичи кои се подготвуваат така што прво се сече кората од лебот, па се премачкува со крем сирење од двете страни и се ставаат неколку листови тенко исечкана свежа краставица. Сендвичот потоа се сече на мали парчиња. За вечерата важи истото правило како и за ручекот – без пченкарен скроб, па затоа кралицата најмногу јаде печена или варена риба со малку салата и зеленчук.

„Тоа е сè што јаде, таа е многу дисциплинирана, може да јаде што сака, но сепак ја избира оваа храна, дисциплината ја прави толку здрава и долготрајна“, рече Грејди.

Исто така, кралицата понекогаш сака да се почести, па како десерт на менито често може да се најде свежо овошје од нејзиниот овоштарник, а таа е и голем љубител на чоколадото, но темно.

Храната која никогаш не може да се најде на менито на кралицата се лук и брза храна.

Share
Scroll to Top