(Видео) Четворица астронаути по шест месеци во вселената, со ракетата на Маск се вратија на Земјата

(Видео) Четворица астронаути по шест месеци во вселената, со ракетата на Маск се вратија на Земјата

пред 2 години

Тројцата астронаути на НАСА, Раџа Чари, Том Маршбурн и Кејла Барон, заедно со Германецот Матијас Маурер од Европската вселенска агенција, се вратија на Земјата со ракетата на Илон Маск, откако претходно беа на шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица.

Тие слетаа во океанот во близина на брегот на Флорида со капсулата „Спејс-Икс“, „Кру драгон“, на Илон Маск. Беше објавено и видео од нивното слетување. На него се гледа капсулата на небото како паѓа во ноќта. Четири падобрани го забавија нејзиниот пад.

„Потврдено е слетувањето на „Драгон“, добредојдовте назад на Земјата“, објави „Спејс-Икс“ на „Твитер“. „Спејс-Икс“ на Илон Маск почна да пренесува човечки екипаж на Меѓународната вселенска станица од 2020 година.

Таа минатата недела ги однесе астронаутите на Станицата, тројца од САД и еден од Италија, за да ги заменат четворицата кои се вратија денес. Маурер е дванаесеттиот Германец кој отишол во Вселената.

За потсетување, по несреќите во 2011 година, НАСА престана да ги лансира своите вселенски бродови, па зависеше од руските летала „Сојуз“ за превоз на своите астронаути до Станицата, сè  до лани, кога Маск ја презеде оваа задача со својот „Драгон“.

„Спејс-Икс“ беше основан од Маск во 2002 година и има испратено седум вселенски летала со екипаж последниве две години.

 

Share
Scroll to Top