Тинејџерот Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Мастерсот вo Мадрид откаkо забележа историска четвртфинална победа од 2-1 во сетови над 17 години повозрасниот сонародник Рафаел Надал.
Алкараз во полуфиналето ќе се соочи со првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.
Младиот шпански тенисер кој се смета за наследник токму на Надал, почна убедливо и го доби воведниот сет со 6/2, потоа Рафа израмни и одведе мечот во трет решавачки сет добивајќи го вториот со 6/1. Сетот за победа му припадна на Алкарас со 6/3.
? H I S T O R I C ?@alcarazcarlos03 beats Nadal for the very first time – becoming the first-ever teenager to defeat Rafa on clay!#MMOPEN pic.twitter.com/l6z9IloMQM
— Tennis TV (@TennisTV) May 6, 2022