Првата детска апликација за слушање и читање книги наскоро во Македонија

пред 2 години

Тимот на Ретинг од Скопје ја развива првата македонска детска мобилна апликација за читање и слушање книги – Boksy!

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Апликацијатa е наменета за деца од 6 до 14 години. Во неа ќе бидат голем број книги за деца на македонски, англиски и албански јазик од македонски и странски издавачки куќи кои ќе можат да се читаат или слушаат како аудио книги на мобилните уреди. Покрај книги, апликацијата ќе содржи бројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање на сопствени аватари, како и можност за натпреварување со други дечиња и освојување на уникатни награди за оние кои што најмногу читаат.

„Ние сакаме љубовта кон читањето кај децата да започне со Boksy. Мисијата на Boksy е да се промовира читањето на книги помеѓу децата, на нов, забавен начин, соодветен на трендовите од новата дигитална ера. Сакаме времето кое децата го поминуваат пред екраните да биде искористено квалитетно. Идејата е децата да можат да најдат книги за секое ниво, на која било тема, погодни за читање или слушање на кое било место и во било кое време од денот – во една апликација“, велат Димитар и Ивана од Ретинг, компанијата која ја развива оваа мобилна апликација за деца.

Развојот на мобилната апликација „Boksy“ е поддржан од Фoндот за Иновации и Технолошки развој. Апликацијата ќе биде достапна на македонски јазик, ќе може да се користи на телефон и таблет и ќе може да се превземе од App Store & Play Store. Мобилната апликацијата се планира да биде достапна за македонскиот пазар до крајот на летото.

На овогодинешниот Саем на книгата кој се одржува од 3 до 9 мај во Арената Борис Трајковски, сите посетители ќе можат да се запознаат со тимот кој работи позади оваа иновативна апликација, како и да добијат подобра идеја за сите бенефити и карактеристики на апликацијата, преку посета на уникатно-брендираната количка за кафе пред влезот на Арената.

Повеќе информации за апликацијата ќе бидат достапни наскоро на веб страницата www.boksy.mk.

Share
Scroll to Top