Европската унија прави максимални напори да го спаси иранскиот нуклеарен договор, настојувајќи да го прекине ќор-сокакот во преговорите, објави „Фајненшл тајмс“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави за весникот дека бара „среден пат“ за да се стави крај на ќор-сокакот, бидејќи тоа може да ги поништи европските дипломатски напори кои траат повеќе од една година.
Според Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) од 2015 година, Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции.