Свечено отворање на Евросонг: Андреа на тиркизниот тепих, водителот ја поздрави на македонски

Свечено отворање на Евросонг: Андреа на тиркизниот тепих, водителот ја поздрави на македонски

пред 3 години

На  свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија сите  40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих. Уметниците наместо на црвениот прошетаа по тиркизниот тепих, оти организаторите сметале дека тиркизот повеќе му одговара на градот домаќин, Торино.

dobivaj vesti na viber

Македонската  Андреа Коевска дојде облечена во веќе препознатливиот стил, овој пат со кожени ракавици, а во рацете држеше македонско знаме.

Водителот и посака ѝ добредојде на македонски јазик: „Добредојдовте на Евровизија“.

На свеченото отворање, градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо и претставници на РАИ, ЕБУ, градот Торино, официјално ги пречекаа земјите учеснички на Евровизија 2022 година, делегациите и уметниците во Торино.

Изборот за песна на Евровизија 2022 година ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај во „Пала Олимпико“ во Торино, Италија. Настанот ќе го ко-организира италијанската национална телевизија РАИ во соработка со ЕБУ.

Фото: Профимедиа

Share
Scroll to Top