„Европската унија треба да размисли за запленување на замрзнатите руски девизни резерви за да помогне да се плати за повоената обнова на Украина“, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој во интервју за „Фајненшл тајмс“ рече дека би било логично ЕУ да го направи истото што го направија САД со средствата на авганистанската централна банка откако Талибанците дојдоа на власт, пренесува Ројтерс.
„Имаме пари во џебовите и некој треба да ми објасни зошто е добро за авганистанските пари, а не е добро за руски пари“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.