На денешната координативна средба на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се разговараше по единствена точка, активна блокада на Собранието на Република Македонија, соопшти на денешната прес-конференција Никола Мицевски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Едногласно беше прифатена одлуката, која што претходно ја донесе Извршниот комитет на партијата, од утре да се пристапи во Собранието со активна блокада на сите штетни закони, политики застапувани од неодговорната и неспособната власт.
Активната блокада е последица, реакција на акцијата на Владата на Ковачевски, предводена од СДСМ и ДУИ, кои што не покажаа чувство за државност и одбија секаква можност за дијалог по најважните прашања во оваа држава“, посочи коодринаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што рече Мицевски, епилогот активна блокада уследува откако претходно Ковачевски и Владата одбиле дијалог во четири клучни области за граѓаните и разговор за датум за предвремени избори.
„Тоа што Ковачевски од целата оваа понуда за нормален дијалог се фокусира само на предвремени избори покажува дека всушност и тој е свесен дека е премиер на Влада која што нема поддршка од народот и во тоа е болката, се плашат од соочување со граѓаните. А, понудата на ВМРО-ДПМНЕ која што опфаќа и решенија во економија, здравство, образование, надворешна политика и разговор за предвремени избори не е шведска маса со која што премиерот може да се служи во сегментите во кои што само на него му одговараат“, посочи претставникот на опозициската партија.