Ограбени мигранти во кумановско, им биле одземени пари и мобилни телефони

пред 3 години

Вчера во 09.29 часот во СВР Куманово С.М.(21) од Р.Сирија кој бил илегален мигрант пријавил дека во атар на с.Ваксинце, кумановско, при обид да ја преминат државната граница кон Република Србија, тој и неколку членови од групата со која бил, физички биле нападнати од четири лица.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Притоа според пријавеното им биле одземени пари и мобилни телефони.

Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Куманово, а по насока на Јавен обвинител С.М. е пренесен во транзитен центар во с.Сопот, кумановско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.

Share
Scroll to Top