Принцот Хари беше снимен за време на еден поло натпревар во Санта Барбара во Калифорнија. Фотографиите од разголениот принц ги објави „Дејли Мејл“, а фановите му порачаа дека се запустил и дека е во лоша форма.
„Кралските гради, гадно. Ова е завршниот удар на неговата машкост“, му коментираа тие.
Папараците успеаа да го снимат моментот кога принцот ја крева маицата и се мачка со крема со заштитен фактор. Тој играше за Los Padres, тим кој го користи спортот за подигање на свеста за важноста на здруженијата и добротворните организации.
За потсетување, од кралското семејство неодамна објавија дека Хари и Меган нема да се појават на терасата од палатата по повод прославата 70 години како кралицата Елизабета е на тронот.
„По внимателно размислување, кралицата одлучи годинашниот традиционален настап на терасата Trooping the Color да биде ограничен со членови со нејзиното височество кои во моментов извршуваат официјални јавни должности во нејзино име“, рече портпаролот на кралската палата.