– Рускиот свет е рак кој го јаде, не само поголемиот дел од руското општество, туку и се заканува на цела Европа. Така, не е доволно да се поддржи Украина во нејзината војна против Русија. Треба целосно да ја уништиме таа страшна идеологија, изјави Моравјецки во интервју за британски „Телеграф“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари. Претседателот Владимир Путин нејзината цел ја нарече „заштита на луѓето кои осум години биле подложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.
За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за крвавите злосторства над цивилите.
Според Министерството за одбрана на Русија, вооружените сили ја напаѓаат само воената инфраструктура и украинските војници, а од 25 март ги завршија главните задачи од првата фаза – значително го намалија борбениот потенцијал на Украина.
Главната цел на рускиот воен оддел е ослободување на Донбас, пренесе Новости.рс.