Османи на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС

пред 3 години

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Маракеш, Мароко. Овој претставува прв состанок на Коалицијата одржан во Африка.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во своето обраќање на состанокот на Коалицијата, Османи ја потенцираше потребата од заеднички одговор на предизвиците кои произлегуваат од ситуацијата во Авганистан но и од другите кризни жаришта во светот. Безбедносните предизвици на денешницата не познаваат граници и бариери, и само со меѓусебна и крос, континентална соработка може да се постигне одржлив мир. “Северна Македонија уште пред членството во НАТО, од 2002 година, активно придонесува за зачувување на мирот во тој регион” – подвлече Министерот.

На маргините на состанокот на Коалицијата, Министерот Османи оствари билатерални средби со своите колеги од Франција, Жан-Ив Ле Дриан и Кувајт, Шеик Др. Ахмед Насер Ал-Мохамед Ал-Сабах; како и со потсекретарот за политички прашања на САД, Викториа Нуланд.