Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да плати казна од 110.000 долари и да исполни други услови за да не одговара поради непочитување на судот, објави судијата Артур Енгорон.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Судијата Артур Енгорон го обвини Трамп дека дал лажна изјава за време на виртуелното сослушување заклетва во врска со поканата за поднесување документи за бизнисот на неговото семејство со недвижнини, што го врши организацијата Трамп, пренесува Ројтерс.
Јавниот обвинител Летиша Џејмс рече дека истрагата открила докази дека организацијата на Трамп, која управува со хотели, терени за голф и други недвижности ширум светот, им дала на банките и даночните власти погрешни информации за финансирањето.