Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска е префрлен од затворот во Рустави во граѓанската клиника Вивамед во Тбилиси, јавуваат грузиските медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Грузискиот министер за правда Рати Брегадзе на 10 мај објави дека на поранешниот претседател ќе му биде понудено префрлување на преглед во Вивамед, бидејќи неговото здравје е загрозено затоа што во затворот селективно зема препишани лекови и одбива протеинска храна.
Тој веќе неколку пати штрајкуваше со глад во затворот, пренесува Интерфакс.
Саакашвили е обвинет во Грузија за неколку кривични случаи, за кои тврди дека се монтирани. Тој е надвор од Грузија од 2013 година, а властите на таа земја во неколку наврати најавија дека ќе биде приведен по враќањето.
Саакашвили тајно пристигна во Грузија од Украина на 29 септември минатата година, а на 1 октомври беше одведен во Тбилиси и сместен во затвор во Рустави.