Поранешниот дечко на Северина, бизнисменот Милан Поповиќ, четврти пат ќе стане татко. Неговата сопруга Бојана, со која има два сина, е бремена со трето дете и носи девојче. Милан со Северина го има синот Александар. Тие неколку години се на суд за старателството над детето.
По разделбата од Северина, Поповиќ се ожени со Бојана за која се знае дека е од Белград, но речиси никогаш не се појавува со сопругот во јавноста. За нивната љубов се знае многу малку.
„Се запознавме во Белград, Бојана е од добро семејство, образована, остроумна, снаодлива, секогаш подготвена за шега“, изјавил во една пригода Милан за неа.
Милан, кој одамна изјави дека е финансиски проект на Северина и дека таа била со него само за пари, до сега поднел над 70 тужби против пејачката. Судските спорови почнаа со борбата за старателство над заедничкиот син Александар. Северина го изгуби старателството над синот и Александар повеќе од две години живееше со својот татко, но сега судот пак ѝ го додели на пејачката.