Украина ќе пушти руски гас во Европа откако ќе воспостави целосна контрола врз гасоводот

пред 4 години

Украина нема да ја отвори транзитната точка Сохранивка, преку која рускиот гас се транспортира во Европа, додека не има целосна контрола врз системот на гасоводот, објави украинскиот оператор GTSOU.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Операторот завчера објави дека поради виша сила, односно поради проруските сепаратисти кои крадат гас, од 11 мај ќе го прекине преносот на гас преку влезната точка Сохранивка, преку која се пренесува околу една третина од гасот што Русија го испраќа во Европа преку Украина.

Гасоводот минува низ регионот Луганск, кој е делумно контролиран од проруските сепаратисти од 2014 година.

„Нема да отвориме додека не се воспостави целосна контрола над имотот“, рече директорот на GTSOU, Сергиј Макогон во изјавата. Тој додаде дека руски „Гаспром“ не знаел дека сепаратистите почнале да крадат гас.

Макогон рече дека „Гаспром“ би можел да продолжи да го испорачува целиот свој гас во Европа преку транзитната точка Суџа, која е отворена.

„Гаспром“ во моментот не бил достапен за коментар.

Компанијата претходно објави дека не е технолошки возможно да се пренасочува целиот гас преку Суџа, што Киев тврди дека не е точно.

Share
Scroll to Top