42 членови од неговото семејство беа убиени: Палестински новинар загина за време на бомбардирањето на Газа

42 членови од неговото семејство беа убиени: Палестински новинар загина за време на бомбардирањето на Газа

пред 6 месеци

Палестинскиот новинар Мохамед Абу Хасира е убиен за време на израелски воздушен напад врз Газа, а уште еден е ранет, јавува палестинската новинска агенција ВАФА. Тој беше убиен заедно со 42 члена од неговото семејство, вклучувајќи ги и неговите синови и браќа.

Информативната служба во Појасот Газа, контролирана од Хамас, соопшти дека бомбардирањето се случило во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот, но дека неговото тело било пронајдено во урнатините дури денес.

Мохамед Абу Хасира „бил убиен во израелско бомбардирање чија цел била неговата куќа лоцирана во близина на рибарското пристаниште западно од градот Газа“, пренесува новинската агенција ВАФА.

Абу Хасира е еден од најмалку 37-те новинари убиени од 7 октомври, според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ).

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, рече дека имало „цел месец крвопролевање, континуирано страдање, уништување, горчина и очај“.

Текстот 42 членови од неговото семејство беа убиени: Палестински новинар загина за време на бомбардирањето на Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top