Украина објави дека погодиле уште еден руски брод во Црното море

пред 3 години

Украинските власти соопштија дека нивните сили погодиле уште еден руски брод во Црното Море, пренесува АП.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Советникот на претседателот на Украина Олексиј Арестович доцна синоќа изјави дека логистичкиот брод „Всеволод Бобров“ бил погоден кога се обидел да го достави противвоздушниот систем на Змискиот остров. Тој рече дека бродот е тешко оштетен, но дека не верува дека потонал.

Портпаролот на регионалната воена администрација во Одеса изјави дека по ударот на бродот избил пожар.

Од Русија нема потврда за нападот, ниту информации за можни жртви.

Британското Министерство за одбрана на почетокот на неделава соопшти дека Украина е насочена кон руската противвоздушна одбрана и бродови за снабдување кои одат на Змискиот остров, со намера да се обидат да ги запрат обидите на Москва да ја прошири контролата над брегот на Црното Море.

Минатиот месец украинската армија објави дека го потопила крстосувачот „Москва“, кој беше водечки брод на Црноморската флота.

Во март, украинската армија го уништи десантниот брод Саратов.