(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

пред 3 години

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни одговори на новинарски прашања за време на неодамнешна прес-конференција.

Трамп го сподели видеото на „Телеграм“ со коментар: „Можете ли да верувате? Не е ни чудо што нашата земја оди по ѓаволите“.

Бајден на прес-конференцијата во Корнвол, Англија, каде што се одржа самитот на Г7, беше уловен со спремни одговори.

Медиумите објавија дека неговите белешки содржеле одговори на можни новинарски прашања, вклучувајќи ги и оние што може да се однесуваат на Министерството за правда.

Така, некои од подготвените одговори гласат: „Трамп ги злоупотреби своите овластувања“, „Сега ние мора да го расчистиме тоа“, „Министерството за правда на Трамп е надвор од контрола“.

Ова не е првпат Бајден да користи белешки со спремни одговори. Западните медиуми објавија дека Бајден дошол на средбата со рускиот лидер Владимир Путин со спремни одговори на можни прашања, а ги користел и на својата прва прес-конференција во март.

Share
Scroll to Top