Го тужат синот затоа што сè уште немаат внук, бараат отштета од 650.000 долари

пред 3 години

Брачен пар од Индија решил да го тужи синот, кој се уште не планирал да има бебе по шест години брак, а бара отштета, бидејќи целата своја заштеда ја потрошиле на синот и на својот брак.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тие бараат нивниот син и неговата сопруга или да им дадат внук во рок од една година, или да им дадат речиси 650.000 долари.

Сањев и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди за „да го подигнат и едуцираат синот пилот и да организираат раскошна свадба. Сега сакаат сето тоа да го наплатат.

„ Мојот син е во брак шест години, но сè уште не планира бебе“, навеле родителите во поднесокот до судот во Харидвар, каде што сè уште стои: „ Да имавме внук со кој би можеле да поминуваме време, нашата болка би била поднослива“.

Надоместокот што тие го бараат ги вклучува трошоците за свадбен дочек во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и плаќање на меден месец за младенците во странство. Родителите издвоиле и 65.000 долари за нивниот син да се обучи за пилот во САД, па се вратил во Индија – невработен.

„ Моравме да земеме кредит за да си ја изградиме куќата и сега поминуваме низ многу финансиски тешкотии. А психички сме доста во неволја, живееме сами“, велат родителите.

Индија инаку има силен традиционален семеен систем кој вклучува соживот на неколку генерации кои често живеат во исто домаќинство.

Сепак, во последниве години трендот се промени, така што младите парови претпочитаат да ги напуштат родителите или браќата и сестрите, а жените – како во овој случај – одлучуваат да работат наместо да се фокусираат на раѓање деца и останување дома.

Share
Scroll to Top