Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на маргини на неформалниот НАТО Министерски состанок во Берлин.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во фокусот на разговорите беа европските перспективи на двете држави, особено од аспект на импликациите на војната во Украина за безбедноста и стабилноста на европскиот континент и пошироко.
,,Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици од геополитички аспект и наједноставниот пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на Европската унија и нејзиниот кредибилитет е преку ефектуирање на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија”, заклучи Османи.
На средбата стана збор и околу актуелните состојби во Украина, при што министерот Османи и во оваа прилика најостро ја осуди воената инвазија на Русија врз Украина, особено бруталните убиства на цивили, нагласувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО Алијансата и кредибилен кандидат за членство во ЕУ има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија.





