Финскиот парламент денеска го одобри предлогот за аплицирање за членство во НАТО, изјави претседателот на Парламентот, Мати Ванханен.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
За предлогот гласале 188 од вкупно 200 пратеници, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Собраниската расправа се одржа во понеделникот и траеше 14 часа. Зборуваа 212 пратеници и огромното мнозинство од нив гласаа позитивно. Десет парламентарни работни тела, вклучително и комисии за надворешна политика и одбрана, веќе ја прифатија идејата.
Финската извршна власт, претседателот Саули Ниинисто и владата одлучија Финска да испрати барање за влез во Северноатлантската алијанса, под услов тоа да биде прифатено од законодавниот дом и парламентот.