Турција држела грчки владин авион во воздух 20 минути

пред 3 години

Авион на грчката влада со министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, кој се враќал од Ирак, бил задржан во воздухот дополнителни 20 минути, затоа што турските власти го одложиле издавањето на дозвола за премин.

Според денешните извештаи, авионот синоќа побарал одобрение од турските воздухопловни власти додека ја преминувал ирачката граница откако го напуштил Багдад, но морал да чека 20 минути за издавање на дозволата, пренесува „Катимерини“.

Ваквото задржување на закажаната дипломатскo претставништво, кое ги добило сите потребни дозволи однапред, се смета за невообичаена и Атина смета дека тоа е нова провокација на Анкара, оценува грчкиот весник.

Овој потег се случил неколку часа пред состанокот на лидерите на Европската Унија во Брисел, на кој се очекува Атина да се заложи за силен одговор на турската агресија во источен Медитеран и Егејот.

Share
Scroll to Top