Лиз Трас: Неопходно е да се искористи имотот на Русија за обнова на Украина

пред 3 години

Обединетото Кралство и другите членки на Групата седум индустриски развиени земји (Г7) размислуваат како рускиот имот може да се искористи за финансирање на обновата на Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Потребен ни е нов Маршалов план за реконструкција на Украина, и токму тоа го разговаравме на состанокот на Г7. Размислуваме што можеме да направиме за да го искористиме рускиот имот за да помогнеме во плаќањето за него“, рече Трас, цитирана од Ројтерс.

Маршаловиот план беше официјалниот план на САД за обнова на повоена Европа и сузбивање на влијанието на комунизмот по Втората светска војна.

Share
Scroll to Top