Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Меѓународната конференција за миграција „Луѓе во движење. Државјанство, идентитет и развој“, организиран од Универзитетот Мајка Тереза, Скопје.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На конференцијата Тренчевска даде краток осврт на едно од прашањата кој ги засегаат сите држави во светот а особено емиграционите држави во кој се вбројува и Република Северна Македонија.
Посочи дека, во моментов во светот има поголем број на мажи отколку жени меѓу меѓународните мигранти, а јазот се зголеми во текот на изминатите 20 години. Во контекст на нашата држава според статистика на ОН се проценува дека во периодот меѓу 1990 и 2019 година, повеќе од 200.000 Македонци заминале во странство за подобар живот, со што вкупното иселување достигна неверојатни 32% од вкупното население.
„Македонскиот пазар на труд функционираше сосема добро во минатата деценија. Иако стапката на учество бавно растеше, стапките на вработеност и невработеност покажаа значајни подобрувања“, рече Тренчевска.
Таа го истакна напредокот во реформата на системот за стручно образование и обука, со фокус на квалификациите, учењето преку работа и признавањето на неформалното учење.
Посочи дека, дефицитот на работна сила во одредени сектори може да се задоволи преку подобрување на условите за странски работници и поедноставување на законските процедури.