Шри Ланка се соочува со недостиг на гориво, затворени се и училиштата

пред 3 години

Властите на Шри Ланка денеска ги затворија училиштата и побараа од владините претставници да не доаѓаат на работа, во очајнички обид да се подготват за големиот недостиг на гориво што се очекува да трае, поради најтешката економска криза во земјата во последните децении, објави АП.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Министерството за јавна администрација побара од државните службеници, освен оние кои работат на одржување на основните услуги, денеска да не доаѓаат на работа, „имајќи го предвид недостигот на гориво и состојбата во сообраќајот низ државата“.

Шри Ланка речиси остана без бензин и се соочува со голем недостиг на сите нафтени деривати, пренесуваат светските агенции.

Share
Scroll to Top