Ќерката на Нефтали Бенет позитивна на Ковид – израелскиот премиер во самоизолација

пред 2 години

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска ја напушти владината седница на Голанската висорамнина и отиде дома да биде во изолација, откако дозна дека неговата ќерка (14) е позитивна на Ковид, изјави неговиот портпарол.

Бенет направи редовен антиген тест пред владината седница и беше негативен, но без разлика на тоа, со оглед на ситуацијата околу неговата ќерка, Бенет ја напушти владината седница.

Кабинетот на премиерот на Израел соопшти дека Бенет и неговото семејство ќе ги следат протоколите на Министерството за здравство кои важат за Ковид. Ова не е првпат Бенет да биде изолиран од почетокот на сојот омикрон.

Едно лице беше позитивно во авионот во кој се наоѓаше кога се врати од Обединетите Арапски Емирати претходно овој месец, поради што тој и неговата придружба мораа да бидат изолирани.

Share
Scroll to Top