Србија со поддршка за санкциите кон Белорусија

пред 3 години

Србија ги испочитувала санкциите што ЕУ ги воведе кон Белорусија во април поради ситуацијата во таа земја и вмешаноста на Белорусија во руската инвазија, пишува порталот European Western Balkans.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Станува збор за одлуката 2022/579 на Советот на ЕУ донесена на 8 април. Две недели подоцна, на 22 април, на веб-страницата на Советот било објавено дека Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија ја испочитувале одлуката.

Ова е втор пат Србија да испочитува санкции на ЕУ во врска со војната во Украина. Одлуката на Советот на ЕУ од 8 април наметнува секторски санкции врз финансискиот и транспортниот систем на Белорусија поради вмешаноста на земјата во руската агресија.

Официјалниот став на Белград е дека Србија ги почитува основните принципи на меѓународното право и во таа смисла, територијалниот интегритет на Украина, но земјата не се вклучи во санкциите кон Русија.

Српската премиерка Ана Брнабиќ неодамна изјави дека честите дојави за поставени бомби, кои се случуваат во земјата, претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи земјата не вовела санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

Share
Scroll to Top