Во експлозија во зграда во Франција – седуммина загинати, меѓу кои и деца

пред 2 години

Најмалку седум лица загинаа, од кои две деца, во експлозија што се случила утрото околу 1.30 часот во зграда во малото гратче Сен Лоран де Салан во Франција.

Според информациите, евакуирани се 25 луѓе.

По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради. Според локалното радио Франс Блу, експлозијата се случила во приземјето на зградата, во самопослуга, а истрагата е во тек.

Share
Scroll to Top