Амбасадата на Русија во Босна и Херцеговина: Нешто не е во ред со логиката на генералниот секретар на НАТО

Амбасадата на Русија во Босна и Херцеговина: Нешто не е во ред со логиката на генералниот секретар на НАТО

пред 5 месеци

Руската амбасада во Босна и Херцеговина оцени дека „нешто не е во ред со логиката“ на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кога зборува за дестабилизирачкото влијание на Русија во Босна и Херцеговина.

„Од една страна, тој зборува за дестабилизирачкото влијание на Русија, а од друга, ја поздравува едногласната одлука во Советот за безбедност на ОН за продолжување на мисијата ЕУФОР, ‘Алтеа’, која ја смета за стабилизирачки фактор. Како што е познато, Русија начелно ја поддржа оваа одлука“, се нагласува во нивното соопштението.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Сараево изјави дека е загрижен поради сецесионистичката и разделничка реторика во БиХ, но и за негативното руско влијание во оваа земја.

„Загрижени сме поради сецесионистичката и поделена реторика, како и за надворешното влијание, особено на Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите“, рече Столтенберг.

Текстот Амбасадата на Русија во Босна и Херцеговина: Нешто не е во ред со логиката на генералниот секретар на НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top