Градоначалникот на Ирпин: Пред мои очи беа убиени две деца и двајца возрасни

пред 2 години

Осум цивили загинаа денеска во гранатирање за време на евакуацијата на Ирпин, град недалеку од Киев, изјави градоначалникот на Ирпин, Олександр Маркушин.

Тој вели дека Русите отвориле оган додека цивилите се евакуирале преку мостот.

„Семејство почина. Две деца и двајца возрасни починаа пред моите очи“, напиша тој.

„Ирпин не се предаде. Руските окупатори зазедоа дел од Ирпин, но другиот дел се бори и не се предаде“, рече Маркушин, додавајќи дека утре наутро ќе започне уште една евакуација на цивили.

Share
Scroll to Top