Русија негира дека ја бомбардирала детската болница во Мариупол

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана денеска негираше дека руските сили ден претходно бомбардирале породилиште и детска болница во украинскиот град Мариупол, обвинувајќи ја Украина за „исценирани провокации“.

Според соопштението, Русија вчера не извршила воздушни напади врз копнени цели во таа област, почитувајќи го договорениот „режим на тишина“, пренесува Ројтерс.

Рускиот министер за надворешни работи претходно денеска изјави дека Русија на седницата на Советот за безбедност на ОН изјавила дека украинскиот националистички баталјон Азов ја користи породилната болница во Мариупол како своја база.

Share
Scroll to Top