Омикрон предизвикува зараза и кај вакцинираните и кај оние кои имале Ковид-19, предупредува СЗО

пред 3 години

Новиот сој омикрон, се шири побрзо од делта соевите и предизвикува инфекции кај луѓе кои веќе се вакцинирани или оздравеле од Ковид-19, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејезус.

„Сега има докази дека омикрон-сојот се шири многу побрзо од делта-сојот“, рече тој на прес-конференција во новото седиште на СЗО во Женева.

Првиот човек на СЗО нагласи дека овој нов сој на коронавирус може да ги зарази и оние кои биле вакцинирани и оние кои имале инфекција со коронавирус.

Share
Scroll to Top