Француски министер: Не гледам напредок во преговорите, војната продолжува

пред 2 години

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан изјави дека не гледа напредок во преговорите меѓу Украина и Русија.

„Војната продолжува, а засега, колку што знам, нема ништо ново. Русите изјавуваат сешто, но јас ќе верувам само на нивните дела, а не на нивните зборови“, рече Ле Дриан.

Претходно денеска руските власти потврдија дека не е постигнат ветувачки напредок во преговорите во Турција.

Share
Scroll to Top