(Видео) Авион падна на железнички пруги, па во него удри воз – секунди претходно спасен пилотот

пред 2 години

Авион падна на железничка пруга во Калифорнија, по што во него удри воз.

Полицијата во Лос Анџелес го извлекла пилотот од урнатиот авион „Цесна“ неколку секунди пред во него да удри воз.

На драматично видео се гледа како неколку полицајци ослободуваат маж од соборениот авион, кој се урна веднаш по полетувањето во населбата Пакоима, објавија локалните медиуми.

Полицијата и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога налетал возот кој го уништил авионот, јавува „Ројтерс“.

„ Авионот не успеа да полета и слета на железничката пруга на популарна раскрсница“, изјави Луис Хименез, 21-годишен композитор кој го снимил видеото.

„ Само неколку секунди пред ударот, полицијата го спаси пилотот, а едно парче од остатоците за малку ќе ме погодеше“, рече тој.

Пилотот е хоспитализиран, поради исеченици и модринки и е во стабилна состојба, јавуваат локалните медиуми.

Во возот нема повредени, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата во Лос Анџелес објави видео на Твитер, на кое се гледа како полицајци извлекуваат раскрвавен пилот од авион.

Share
Scroll to Top