Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

пред 2 години

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Предвидено е утре претседателот да учествува и да говори на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“, на која ќе говорат и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро и министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен.

Во среда, Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан“.

Во рамки на учеството на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај 2022 година, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени.

Share
Scroll to Top