Заев нема да учествува на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград, ќе биде одреден друг претставник

пред 2 години

Премиерот Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка, нема да оди во Белград на 3 и 4 ноември, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“.

„ Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација“, велат од кабинетот на Заев за Танјуг.

Оттаму додаваат дека Северна Македонија ќе биде претставена на средбата во Белград, а другиот политички прететсвник ќе биде одреден денеска или утре.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на климатскиот самит, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

„ Силна поддршка за Отворен Балкан. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „БудуќностСрбија“, со фотографии од Глазгов, пред почетокот на Самитот COP26.

Share
Scroll to Top