Европска комисија: Заобиколувањето на санкциите на ЕУ ќе стане кривично дело

пред 4 години

Европската комисија денеска предложи кршењето на санкциите на ЕУ да се додаде на листата на кривични дела, како и да се зајакнат мерките за конфискација на имотот на криминалците, вклучително и оние што профитираат со кршење на рестриктивните мерки донесени во ЕУ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Новите потенцијални кривични дела се дејства или активности со кои се настојува директно или индиректно да се заобиколат рестриктивните мерки, вклучително и прикривање имот, незамрзнување средства што им припаѓаат, држат или контролираат одредени лица или ентитети, како и ангажирање во трговија со стоки опфатени со трговски забрани.

Брисел нагласува дека во моментот во сила се 40 рестриктивни мерки на ЕУ и дека додека трае руската агресија врз Украина, особено е важно рестриктивните мерки на ЕУ да бидат целосно спроведени и да се дозволи прекршувањето на тие мерки да се исплати, пренесе „Танјуг“.

Share
Scroll to Top