Генерал на армијата на БиХ осуден на осум години затвор поради воени злосторства на муџахедините во БиХ

пред 2 години

Судот на Босна и Херцеговина го осуди пензионираниот армиски генерал на БиХ, Сакиб Махмуљин, на осум години затвор во повторенa постапка, откако го прогласи за виновен за командна одговорност за воени злосторства извршени од доброволци од исламските земји.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

За време на војната од 1992-1995 година, Махмуљин бил командант на Третиот корпус на Армијата на БиХ, чија област на одговорност била пошироката област на централна Босна. Во корпусот била вклучена и единицата „Ел Муџахедин“, во која имало борци од афро-азиските земји што пристигнале во БиХ како воини мотивирани од религијата.

Обвинението го товари Махмуљин дека не спречил убивање и малтретирање на цивили и воени заробеници од страна на членовите на единицата „Ел Муџахедин“. Според обвинението, во летото и есента 1995 година, тие малтретирале, а потоа убиле најмалку 50 припадници на војската на босанските Срби, кои претходно ги заробиле.

Во првостепената постапка Махмуљин исто така беше прогласен за виновен, а потоа осуден на десет години затвор, но одбраната и обвинителството поднесоа жалба на пресудата барајќи ослободителна пресуда односно построга казна.

Одбраната упорно оспоруваше дека Махмуљин имал вистинска командна моќ над исламските доброволци, тврдејќи дека единицата во која тие дејствувале биле целосно автономна.

Share
Scroll to Top