Украинците во Одеса со вреќи песок ќе го бранат градот и земјата од можен воен напад

пред 2 години

Украинците во Одеса, град на Црното Море во јужна Украина, формираа човечки синџир за полнење вреќи со песок во подготовка за можен руски напад.

Новинарот на Си-Ен-Ен, Ник Патон Волш, покажа синџир од претежно млади мажи кои носат вреќи со песок за да ги натоварат во камиони и да ги донесат во центарот на градот, кој е трет по големина во Украина и популарна туристичка дестинација.

Жителите се загрижени поради руското амфибиско слетување на брегот, објави Патон Волш, особено затоа што естонски брод потона во градското пристаниште во четвртокот. Бродот бил погоден од руска артилерија, се наведува на официјалниот Твитер профил на украинскиот парламент.

Share
Scroll to Top