Фетел со електричен скутер ги бркал крадците кои му го украле ранецот

Фетел со електричен скутер ги бркал крадците кои му го украле ранецот

пред 2 години

Возачот на Формула 1, Себастијан Фетел, по трката за Големата награда на Шпанија со електричен скутер ги бркал крадците кои му го украле ранецот. Тој се обидел да си го врати користејќи ја апликацијата Find My за следење на неговите AirPods слушалки.

Возејќи се со семејството, во понеделникот утрото, по Формула 1 трката, Фетел го запрел својот автомобил „Астон Мартин“ пред хотел во Барселона. Кога излегол од него, крадците го искористиле моментот и му го украле ранецот и побегнале.

Тој не викнал одма полиција туку се обидел сам да ги стигне со електричен скутер. Полицијата подоцна му се приклучила и ги следела крадците низ градот, а го молеле и да прекине со потерата и да отиде во полициска станица да поднесе жалба.

На крајот, Фетел благодарение на апликацијата, стигнал до продавница за текстил, каде ги нашол слушалките во излогот на една работилница, оставени во вазна за цвеќе. Краците на време се ослободиле од нив знаејќи дека можат лесно да бидат фатени.

Полицијата се уште не ги има откриено крадците, но се надева дека ќе ги идентификува од безбедносните снимки направени од пред хотелот.

Во ранецот освен слушалките Фетел имал лични работи, како што е неговата возачка дозвола, пасошот и уште неколку кредитни картички.

Грабежот може да биде профитабилен за крадците, поради високата вредност на имотот на Фетел. Во јули 2021 година, на возачот во Формула 1, Ланд Норис, му беше украден часовник во вредност од 50.000 долари. Тоа се случи по британското Гран-при, додека во април оваа година, Чарлс Леклерк остана без часовник од 320.000 долари во Италија.

Share
Scroll to Top