Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
– Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, меѓу кои 38 куќи и едно училиште. Во гранатирањето загинаа пет цивили, а 12 се ранети – објавија на Фејсбук украинските вооружени сили.
Во соопштението се наведува дека се одбиени 10 напади, а уништени се четири тенкови и четири дронови.
Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили спроведуваат интензивна офанзива врз клучниот град Лиман во областа Доњецк.
Лиман е важен железнички центар и ако Русите успеат да ја преземат контролата таму, блискиот град Славјанск станува поранлив на напади, а украинските војници југоисточно од градот стануваат поизложени на опасностите од опсада, пренесуваат мадиумите.