Списокот со оставки на соработниците на Трамп сè подолг: Нападот врз Капитол беше бескрупулозен

пред 3 години

Списокот на американски официјални лица кои ја напуштаат администрацијата на претседателот Доналд Трамп во знак на протест против насилството на Капитол Хил е продолжен за уште неколку имиња, откако по министерката за транспорт, Елен Чао, оставка поднесе и министерката а образование, Бетси де Вос.

Чао, сопруга на републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел, рече дека упадот на толпата на Капитол Хил бил толку загрижувачки за неа што не може да го гледа од страна.

Во писмото до Трамп, министерката Де Вос исто така рече дека нападот на Капитол Хил бил бескрупулозен, пренесува „Ројтерс“.

„Влијанието на вашата реторика врз ситуацијата е несомнено и тоа е пресвртна точка за мене“, му рече таа на Трамп во образложението за нејзината оставка.

Во другите вести, други четворица високи советници на Советот за национална безбедност на Белата куќа поднесоа оставки.

Следниот ден по немирите оставка поднесоа Стефани Гришам, шефицата на канцеларијата на првата дама Меланија Трамп и поранешна секретарка на Белата куќа за односи со медиумите, секретарката на Белата куќа за социјални прашања, Рики Нисет и заменичката на Белата куќа, Сара Метјус.

Началникот на полицијата во Капитол Хил, Стивен Санд, вчера поднесе оставка по критиките за неговата неподготвеност да се справи со насилните демонстранти во нападот среде Конгресот, пренесува „Си-ен-ен“.

Share
Scroll to Top