Пејачот Рики Мартин е забележан на балконот од хотелот во кој престојува за време на Канскиот филмски фестивал. Пејачот кој е во шестата деценија покажа дека сеуште добро изглед, и дека се грижи за неговото тело.
Добитникот на Греми во Кан се појави на црвениот килим во друштво на неговиот сопруг на премиерата на филмот „Елвин“, но и имаше настап со пејачката Кристина Агилера кои заедно настапија на гала вечерата на американскиот фонд за истражување на СИДА.
Американскиот пејач пред десет години откако дека е геј. Музичарот веќе неколку пати беше критикуван и обвинет дека пред 2010 година, кога зборувал за својата сексуалност, бил нечесен кон жените со кои излегувал. Иако, повеќето од девојките кои излегуваа со него беа маркетиншки трик и договор што тој го имаше со менаџерот и издавачката куќа.
„Многумина ме прашуваат дали би направил нешто поинаку. Па, можеби во едно интервју во 2010 година, кога ме прашаа за сексуалната ориентација, би рекол дека сум геј. Ќе беше одлично да го направев тоа тогаш, бидејќи ќе се чувствував неверојатно. Кога станува збор за мојата сексуалност и за тоа кој сум јас, сакам да зборувам за она што ме прави, за се што сум. Затоа што ако го сокриете тоа, вие сте помеѓу животот и смртта“, изјави Мартин.
Ricky Martin in Cannes. pic.twitter.com/jjxtq9cv6M
— #CannesFestival (@21metgala) May 25, 2022