Тренчевска: Оваа Влада ги зголеми платите на вработените во градинките за 36%

пред 2 години

Од 2017 година и направената анализа на состојбата во градинките, утврдена е очајна состојба. Се утврди недостаток на околу 2000 работни места, а најголем дел од тие што работеа во нив, беа вработени со Договор на определено време. Сите тие со доаѓањето на оваа Влада, добија решенија на неопределено време. Од 2018 -2022година, вкупно оваа Влада има дадено согласности за вработување на 2385 лица,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со вработени во градинките.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Таа посочи и дека Министерството за труд и социјална политика има доставено барања за согласности до Министерството за финансии што ќе претставува зголемување на бројот на вработувања, особено кај што има пензионирања, трајни откази и нови капацитети.

Министерката се осврна и на платите на вработените во градинките, кои во 2019 година оваа Влада ги зголеми за 21% , а со новата спогодба со СОНК дополнително платата на воспитувачките и негувателките ќе биде зголемена за 15% , што претставува зголемување за 36% зголемена плата во 2022 година. За разлика од времето кога ВМРО -ДПМНЕ беше на власт, кога платата на вработените во градинките беше зголемена за само 4%.

Таа рече дека сите вработувања во градинките се на товар на државата, на Министерството за труд и социјална политика, како и материјалните трошоци. Како и дека со ребаланс на Буџетот се предвидени и зголемувања на блок дотациите на материјалните трошоци, затоа што оваа Влада има слух и ја зема предвид состојбата на економска и енергетска криза со која сите се соочуваме.

Исто така, се зголемуваат блок дотациите и за нови вработувања се со цел опфат на што поголем број на деца во предучилишните установи.

„ Од почетокот на 2017 година до денес имаме изградено 69 детски градинки, со опфат на 4300 деца. Во тек е изградбата на 28 градинки, од кои 13 ќе бидат отворени до крајот на оваа година и со тоа ќе се зголеми опфатот на нови 1360 деца. До крајот на 2023 година ќе бидат завршени уште 15 нови градинки, и зголемен опфат за нови 1905 деца. Ова е потврда колку се инвестира во детската заштита,“ рече Тренчевска.

Share
Scroll to Top