Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до Владата доставено е барање за измена на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството, со што ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции до 30 јуни. Бидејќи сите институции дадоа позитивно мислење, очекуваме измената да биде усвоена на следната владина седница.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Интересот кај земјоделците за аплицирање за субвенции е голем, особено кај сточарите кои побараа продолжување на рокот. Министерството секогаш излегува во пресрет на барањата на земјоделците. Измената на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството е токму во нивни интерес, со цел да можат да ги поднесат своите апликации во рамките на новиот рок кој предлагаме да биде продолжен до 30. јуни.
На овој начин ќе им помогнеме на сите земјоделци кои не успеале да аплицираат согласно законскиот рок кој истекува на 31. мај да добијат дополнително време од плус еден месец, период во кој ќе можат да ги подготват апликациите и навремено да аплицираат со цел да ја добијат финансиската поддршка која им ја дава државата“ велат од министерството.
Од таму очекуваат измената да биде усвоена, во интерес на земјоделците.